text size
Динамиката на раст на нето-платата во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) ја надминува динамиката на раст на нето-платата во националната економија.
„Минатата година само по основа на придонеси и персонален данок е евидентиран раст од 35 проценти во однос на 2021 година. Значи, ако во 2021 година уплатите во буџетот биле на ниво од некаде две милијарди денари, минатата година се регистрирани безмалку 2,75 милијарди денари, односно 750 милиони денари повеќе средства влегле во буџетот во однос на 2021 година. На што се должи тоа? Пред сè на регистрираниот раст на бројот на вработени од 17 проценти и она што имавме исто така можност да го увидиме од самите годишни сметки, а тоа е засилената динамика на раст на платите“, нагласи Деспотовски.