text size
Пад на приходите и на добивката на дистрибутерската нафтената компанија „Макпетрол“ во деветте месеци годинава покажуваат последните податоци од билансот на успех што е објавен денеска. Вкупните приходи се на ниво од 22,83 милијарди денари (над 370 милиони евра), што е за 5,05 милијарди денари (82 милиони евра) или за 18,12 отсто помалку од истиот период лани.