Главниот извршен директор на „Епл“ (Apple Inc.), Тим Кук, изјави дека планираните американски царини за увоз на странски производи ќе додадат 900 милиони долари на трошоците во тековниот период.
„Проценуваме дека влијанието ќе додаде 900 милиони долари на нашите трошоци“, им рече тој на аналитичарите за време на конференциски повик по објавувањето на кварталните финансиски резултати.
„Оваа процена не треба да се користи за правење проекции за идните квартали, бидејќи постојат уникатни фактори што ќе одат во прилог на јунскиот квартал“, предупреди Кук.
Прочитај повеќе

„Епл“ развива паметни часовници со камери и телефон на преклопување?
„Епл“ развива функција за визуелна интелигенција и камери за своите часовници и други уреди, со што влегува на пазарот на носливи уреди со вештачка интелигенција.
25.03.2025

„Епл“ воведува вештачка интелигенција во Кина со помош на „Алибаба“ и на „Баиду“
Компанијата ќе го редизајнира ајфонот до средината на годината според локалните регулативи.
14.02.2025

Кина ги истражува практиките на „Епл“ среде трговската војна со САД
Пекинг истовремено го истражува Гугл, како одговор на новите американски царини.
05.02.2025
Претходно во четвртокот, „Епл“ објави дека продажбата во Кина била послаба од очекувањата на аналитичарите. Приходите од таа земја се намалиле за 2,3 отсто, на 16 милијарди долари, во вториот фискален квартал, кој заврши на 29 март, соопшти компанијата. Аналитичарите очекуваа 16,83 милијарди долари.