Претседателот Доналд Трамп изјави дека идентификувал купувач за американските операции на Тикток, апликацијата за социјални медиуми во сопственост на кинеската компанија „Бајтденс“, без да го именува победничкиот понудувач.
Завршувањето на продажбата би зависело од договорот меѓу Пекинг и претседателот Шји Џјинпинг, додаде Трамп во претходно снимено интервју во емисијата „Сандеј морнинг фјучерс“ (Sunday Morning Futures) на „Фокс њуз“. „Бајтденс“ и кинеската влада долго време се спротивставуваа на таков договор.
„Патем, имаме купувач за Тикток. Мислам дека веројатно ќе ми треба одобрение од Кина и мислам дека претседателот Шји веројатно ќе го стори тоа“, рече американскиот претседател. „Тоа е група од многу богати луѓе“.
Прочитај повеќе

Тикток се соочува со казна од над половина милијарда евра поради кршење на приватноста
Тикток ќе биде погоден со казна за кршење на приватноста од повеќе од 500 милиони евра поради нелегално испраќање податоци на европските корисници во Кина.
03.04.2025

Тикток се врати во САД: Апликацијата повторно во продавниците на „Епл“ и „Гугл“
Компаниите го отстранија Тикток во САД минатиот месец за да се усогласат со законот донесен во 2024 година.
14.02.2025

Илон Маск вели дека нема да го купи Тикток
Илон Маск изјави дека не е заинтересиран за купување на социјалната мрежа Тикток, која САД се обидоа да ја забранат поради загриженост за националната безбедност.
09.02.2025

Група од САД се нуди да го купи Тикток за „многу повеќе“ од 20 милијарди долари
Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба за 75-дневно одложување на спроведувањето на законот што би го забранил Тикток.
30.01.2025
Американските и кинеските претставници на крајот од минатата недела потврдија дека се согласиле за трговска рамка, движејќи се кон решавање на трговските непријателства уште со разговорите во Лондон во јуни.
Иднината на „Бајтденс“ во САД е неизвесна со години, почнувајќи со првата администрација на Трамп што изврши притисок врз компанијата во Пекинг да го продаде имотот на американски ентитет. Рокот за „Бајтденс“ до јануари да најде локален купувач беше двапати поместен од страна на Трамп, кој месецов повторно го продолжи за дополнителни 90 дена (од 19 јуни).
Американскиот Конгрес минатата година донесе закон со кој се бара продажба, наведувајќи ги како причина грижите за националната безбедност. Според законот, на претседателот му беше дозволено да се повика на едно продолжување на рокот. Но Трамп смета дека Тикток во САД може да вреди дури еден трилион долари и постојано покажуваше подготвеност да посредува за договор.
Активностите околу продажбата во голема мера беа заглавени бидејќи трговските врски меѓу САД и Кина се нарушија поради поголем судир околу преговорите за царините. Пред да објави Трамп во април широко распространети царини, се велеше дека преговарачките страни се блиску до договор, а во тоа улога имаше и конзорциум од американски инвеститори, вклучувајќи ги „Оракл“, „Блекстоун“ и фирмата за ризичен капитал „Андресен Хоровиц“.
Белата куќа не одговори на барањето за повеќе детали за најновите забелешки на Трамп. На прашањето за договорот што го спомена Трамп, портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, денеска на редовниот брифинг за медиумите во Пекинг изјави дека за прашањата поврзани со Тикток, Кина „ја повторува својата принципиелна позиција“, велејќи дека нема што друго да додаде.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...