„Дојче телеком“ ја зголеми својата прогноза за профит за 2025 година по вторпат годинава, откако силната продажба во САД и во Европа ги поттикна заработките за вториот квартал и ги надминаа процените на аналитичарите.
Приспособената заработка пред камати, даноци, депрецијација и амортизација по заеми (ЕБИТДАЛ) годинава ќе надмине 45 милијарди евра, соопшти денеска компанијата. Просечната процена на аналитичарите е 44,2 милијарди евра, според податоците собрани од „Блумберг“.
„Повторно гледаме одржлив силен раст од двете страни на Атлантикот во текот на вториот квартал“, изјави главниот извршен директор Тим Хотгес. „’Дојче телеком’ продолжува да го наметнува темпото во индустријата“.
Прочитај повеќе

Нема зима за „Дојче Телеком“
Компанијата продолжи да се фокусира на клучните стратегии за раст.
18.11.2024

„Дојче телеком“ ќе откупува акции за две милијарди евра и ќе инвестира во ВИ
Акциите на „Дојче телеком“ годинава пораснаа за 25 проценти, а со поголема имплементација на ВИ ќе ја зголемува ефикасноста.
10.10.2024
„Дојче телеком“ веќе ги зголеми своите прогнози и по резултатите од првото тримесечје, а претходно очекуваше ЕБИТДАЛ од околу 45 милијарди евра.
Со години „Дојче телеком“ ги игнорираше тешкотиите на европската телекомуникациска индустрија благодарение на својот мнозински удел во американскиот оператор „Т-мобиле САД“. Акциите растат годинава бидејќи инвеститорите бараат акции што се отпорни на царините и слабиот долар.
„Т-мобиле“, кој објави извештај минатиот месец, ги надмина процените на аналитичарите за зголемување на бројот на корисници и ги зголеми своите прогнози. Сепак, послабиот долар беше товар за приходите на „Дојче телеком“ деноминирани во евра.
Приспособената ЕБИТДАЛ во второто тримесечје се зголеми за 1,7 проценти, на 11 милијарди евра, соопшти компанијата, надминувајќи ги процените од 10,9 милијарди евра.
Конкуренцијата е интензивна во Германија, најголемиот пазар на „Дојче телеком“ по САД, при што четири мобилни оператори се борат за клиенти. „O2“ на „Телефоника“ во јуни ги намали цените за својата почетна понуда за мобилни податоци, според „Блумберг интелиџенс“.
Вкупниот број на мобилни корисници на „Дојче телеком“ во Германија малку се зголеми, потпомогнат од новиот план за неограничени податоци во април, што помогна во зголемувањето на претплатниците на мобилни телефони.
„Дојче телеком“ го зголеми бројот на корисници и на фиксната телефонија на домашниот пазар, но изгуби 20.000 корисници на широкопојасен интернет од конкурентите во истиот тој период.
Од почетокот на годинава акциите на компанијата се зголемија за 7,3 проценти, на 31,31 евро.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...