Компанијата „Нипон Лајф иншуренс“ (Nippon Life Insurance Co.) соопшти дека нереализираните загуби од јапонските државни обврзници пораснале за 568 милијарди јени (3,9 милијарди долари) за само три месеци, достигнувајќи рекордно ниво, поради загриженоста од зголемена понуда на државен долг, што предизвика раст на приносите.
Вредноста на нереализираните загуби кај најголемата компанија за животно осигурување во Јапонија се зголемила на 4.164 милијарди јени во јуни, од 3.596 милијарди во претходниот квартал, соопшти компанијата во четвртокот.
Иако јапонските осигурителни компании се големи купувачи на 30-годишни државни обврзници за да ги усогласат со своите обврски, тие можат да се воздржат од продажба сè додека обврзниците не достасуваат. Но, доколку нереализираните загуби премногу се продлабочат, осигурителите може да се соочат со притисок дел од средствата да евидентираат како загуба, што би им го намалило просторот за вложување во други средства.
Прочитај повеќе

Јапонските обврзници остануваат ранливи по поразот на Ишиба
Јапонските државни обврзници се на лизгав терен, по политичките турбуленции во земјата
22.07.2025

Пораз за јапонските вселенски амбиции по неуспешното слетување на Месечината
Вториот обид за слетување на Месечината на „Ајспејс“ не успеа откако се изгуби контактот, што претставуваше удар за растечката комерцијална вселенска индустрија на Јапонија.
06.06.2025

Рекордот на Јапонија и каде се акциите на Бафет денес?
Пророкот од Омаха, како што е исто така наречен, експлицитно ги истакна акциите на пет јапонски гиганти: „Иточу“, „Марубени“, „Мицубиши“, „Мицуи“ и „Сумитомо“.
05.06.2025

Пет јапонски акции на Ворен Бафет: Каде се тие денес?
„Беркшир Хатавеј“ е фокусирана главно на инвестиции во САД, но во последниве години ги зголемува и своите инвестиции во Јапонија.
25.04.2025

Царините на Трамп го убиваат апетитот за инвестирање
Инвеститорите се воздржани поради неизвесноста од царините на Трамп
22.04.2025

Кина, Јапонија и Јужна Кореја се поврзуваат за слободна трговија наспроти царините од САД
Иако нема јасен сигнал за значителен напредок кон пактот, сепак преговорите покажуваат зголемена подготвеност меѓу трите земји да ги зајакнат врските.
30.03.2025
Супердолгорочните јапонски државни обврзници бележат пад од април, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги најави царините наречени „Ден на ослободување“, поттикнувајќи стравувања дека ваквите давачки ќе го притиснат глобалниот економски раст и ќе ги натераат владите на зголемена потрошувачка за економска поддршка. Дополнителна причина за падот на цените на обврзниците е и загриженоста околу намаленото откупување државни хартии од вредност од страна на Банката на Јапонија.
„Нипон лајф“ распродава обврзници купени во периодот на ниски приноси и од тие трансакции евидентира дополнителна загуба од 197,2 милијарди јени. Сепак, вкупниот приход од управување со средствата останал позитивен, благодарение на зголемениот приход од камати и дивиденди, како и добивките од продажба на акции.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...