Министрите за трговија од Кина, Јапонија и Јужна Кореја го обновија својот повик за отворен, фер проток на стоки и ветија дека ќе ги продлабочат економските врски. Ова доаѓа на само неколку дена пред администрацијата на Трамп да воведе нови царини за нациите ширум светот.
Министерот за индустрија на Јужна Кореја, Ан Дук-Геун, и неговите колеги Јоџи Муто од Јапонија и Ванг Вентао од Кина денеска во Сеул разговараа за договорот за слободна трговија. Иако тие не сигнализираа значителен напредок кон пактот, сепак собирот покажа зголемена подготвеност меѓу трите земји да ги зајакнат врските бидејќи се соочуваат со сериозно влијание од американските царини.
„Посебно ја препознавме потребата за тековна трилатерална економска и трговска соработка за ефикасно справување со новите предизвици и постигнување опипливи резултати во клучните области“, се вели во заедничката изјава на министрите.
Прочитај повеќе

Трамп е отворен за преговори, но сепак „наскоро“ ќе воведе нови царини - лековите на удар
Трамп не откри колкави ќе бидат царините за лекови, ама рече дека целта е да ги принуди фармацевтските фирми да го донесат производството во САД.
29.03.2025

ЕУ планира отстапки за Трамп за да го ублажи ударот од американските царини
САД не го наведоа нивото на царини што ќе го применуваат за ЕУ, но официјалните претставници во блокот очекуваат стапката да биде меѓу 10 и 25 проценти.
28.03.2025

Закрепнувањето на Германија е загрозено од претстојните царини за автомобилите
Според „Блумберг економикс“, одлуката на Трамп да воведе царини од 25 проценти на целиот увоз на автомобили во САД го загрозува закрепнувањето на Германија од долгогодишната стагнација.
28.03.2025

Трамп се закани со нови царини за ЕУ и Канада ако се здружат против САД
Американскиот претседател се закани дека големи царини, „многу поголеми од планираните“, ќе бидат воведени кон овие земји при развој на такво сценарио.
27.03.2025

Меѓу многуте губитници, Илон Маск е победник во војната со царините за возилата
Планираните царини на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на автомобили ќе им наштетат на автопроизводителите во светот и ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи.
27.03.2025
Состанокот се одржа поради царината од 25 проценти за увоз на автомобили во САД, која треба да стапи на сила на 3 април во 12:01 часот по локално време на Вашингтон. Јужна Кореја и Јапонија се главни извозници на возила во Америка.
Претседателот Доналд Трамп, исто така, се очекува да ги објави таканаречените реципрочни царини, кои потенцијално ќе влијаат на повеќе сектори, вклучувајќи ги полупроводниците и фармацевтските производи. Секое влијание врз продажбата на чипови би било особено штетно за Јужна Кореја, со оглед на тоа што тие остануваат клучен двигател на растот за нацијата, која инаку е зависна од извоз.
Трите азиски земји, меѓудругите, се мета на Трамп. Додека Кина е сред обновена трговска војна со САД, пошироката употреба на царини од страна на Вашингтон покажува дека дури и американските сојузници, вклучувајќи ги Јапонија и Јужна Кореја, не се имуни на заканите.
Последниот состанок на нациите е во согласност со пораката што Кина ја испраќа, дека е отворена за бизнис – што е спротивно на попротекционистичката политика на САД: „Америка на прво место“.
Во петокот, претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, се состана со група глобални деловни лидери во Пекинг во обид да го поттикне расположението на инвеститорите бидејќи зголемените царини ја зголемуваат и неизвесноста за економијата и меѓународната трговија. На состанокот присуствуваа Ванг и неколку извршни директори на јужнокорејски компании, вклучувајќи го и Џеј И. Ли од „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.).
Тројцата министри, исто така, ветија дека ќе го зајакнат Регионалното сеопфатно економско партнерство, рамка која има за цел да ги рационализира синџирите на снабдување и да ја подобри трговијата и инвестициите меѓу најголемите економии во Азија, вклучувајќи ги Кина, Јапонија и Јужна Кореја. САД не се дел од пактот.
Американските царини за автомобили ја поттикнаа Јапонија да разгледа можни мерки за заштита на локалните работни места, додека Јужна Кореја рече дека ќе преземе итни чекори за да им помогне на своите производители на автомобили. Кина воведе одмазднички давачки против САД додека Пекинг се обидува да ги стабилизира врските со своите главни трговски партнери.
Собирот на шефовите за трговија следи по неодамнешниот состанок на највисоките дипломати на земјите, што се одржа во Токио. Јапонија треба да биде домаќин на следниот самит на лидерите на трите нации.