Кина му изрече казна на „Диор“ (Dior), во сопственост на ЛВМХ (LVMH), во Шангај за прекршување на правилата за заштита на податоци.
Опсежна анализа открила дека шангајската единица на „Диор“ не користела енкрипција за заштита на личните информации што ги собирала, соопштија кинеските сајбер-власти во објава на нивниот официјален профил на Вичет (WeChat) во вторникот. Луксузниот бренд исто така споделувал податоци со седиштето на ЛВМХ во Франција без согласност од корисниците, се додава во соопштението.
Кинеската единица исто така ги прекршила правилата со тоа што не обезбедила согласност од корисниците пред да ги обработува нивните информации, а мерките за безбедност на податоците биле недоволни, велат властите.
Прочитај повеќе

„Диор“ ја вложува целата надеж во Џонатан Андерсон, додека ЛВМХ бара нов раст
„Диор“ ја претстави првата колекција за машка мода на новоименуваниот креативен директор.
02.07.2025

Највредните луксузни брендови во светот за 2024 година
Највредните луксузни брендови достигнаа десетици милијарди долари годинава, а меѓу нив доминираат француските.
12.12.2024
Тие засега не соопштуваат детали за административните казни, а ЛВМХ не одговори веднаш на барањето на „Блумберг“ за свој коментар.
Во мај, вториот најголем моден бренд на ЛВМХ соопшти дека открил пробивање на одредени податоци од клиенти од „неовластена надворешна страна“. Сепак, компанијата додаде дека истекувањето не вклучува никакви финансиски информации, како банкарски или кредитни картички.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...