„Астра Зенека“ соопшти дека нивниот лек „Тагрисо“ (Tagrisso) значително го продолжил животот на одредени пациенти со рак на белите дробови кога бил даван заедно со хемотерапија, што е најнов потег во жестоката конкуренција со „Џонсон и Џонсон“ за понуда на најефикасен лек за оваа болест.
Комбинацијата им помогнала на пациентите со специфичен вид напреднат неситноклеточен карцином на белите дробови да живеат во просек 47,5 месеци, што е најдолгото подобрување на преживувањето досега пријавено во доцна фаза на испитување за оваа состојба, изјави Дејв Фредриксон, извршен потпретседател на онколошкиот сектор на „Астра“. Лекот, според компанијата, имал и прифатлив профил на безбедност.
Студијата, претставена во неделата на Светската конференција за рак на белите дробови во Барселона, открила дека додавањето на хемотерапија го зголемило преживувањето за речиси 10 месеци во споредба со терапија само со „Тагрисо“. Комбинацијата е веќе одобрена врз основа на претходни податоци, но нејзината способност да го продолжи животот досега беше недокажана.
Прочитај повеќе

„Фајзер“ лиценцира кинески лек против рак за рекордни 1,2 милијарди долари
„Фајзер“ (Pfizer) однапред ќе плати 1,25 милијарди долари за да лиценцира експериментален лек против рак од Кина
20.05.2025

Уриваме рекорди: Над 53 милиони евра за лекови на рецепт лани во Македонија
Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување преку аптеките бележи континуиран раст во изминатите години.
07.05.2025

Трамп е отворен за преговори, но сепак „наскоро“ ќе воведе нови царини - лековите на удар
Трамп не откри колкави ќе бидат царините за лекови, ама рече дека целта е да ги принуди фармацевтските фирми да го донесат производството во САД.
29.03.2025

Допрва ќе нè боли главата, поскапуваат главните состојки за апчињата
Европа е зависна од увоз на суровини од Азија.
06.11.2024

Зошто лековите за слабеење заработуваат милијарди
Продажбата на лекови против дијабетес и дебелина лани надмина 17 милијарди евра.
07.10.2024
„Во контекст на конкурентната средина во која сме, тоа беше навистина важно прашање,“ изјави Фредриксон во интервју. „Тоа прашање сега е дефинитивно одговорено.“
„Тагрисо“ веќе широко се користи за тумори предизвикани од EGFR генетски мутации, но се соочува со нови ривали. „Џонсон и Џонсон“ годинава претстави директни податоци кои покажуваат дека пациентите на нивната комбинирана терапија живеат значително подолго од оние кои примале само „Тагрисо“ — разлика што, според компанијата, ќе изнесува повеќе од една година преживување кога студијата ќе биде завршена.
Фредриксон ги отфрли претходните резултати на „Џонсон и Џонсон“ како „само проекции“ кои се најмногу корисни за генерирање хипотези. Резултатите на „Астра“ покажуваат дека „Taгрисо“ заедно со хемотерапија може да стане стандард на третман, особено за пациенти со поагресивна болест или за оние кои се помлади и во подобра кондиција, рече тој.
„Џонсон и Џонсон“ се надева дека нивниот режим, кој го комбинира интравенскиот лек „Рибревант“ (Rybrevant) со таблетата „Лазклузе“ (Lazcluze), на крајот ќе донесе повеќе од 5 милијарди долари годишни приходи.
Комбинацијата, одобрена минатата година, не бара хемотерапија, но предизвикала потешки несакани ефекти од самиот „Тагрисо“. Ажурирани податоци претставени на истата конференција покажале дека режимот на „Џонсон и Џонсон“ довел до поголема појава на згрутчување на крвта, осипи, инфекции на ноктите и реакции на местото на инјектирање.
„Тагрисо“ е најпродаваниот онколошки лек на „Астра“, кој донесе 6,6 милијарди долари приходи во 2024 година. И покрај тоа што првпат беше одобрен пред околу една деценија, се очекува неговата продажба да продолжи да расте во наредните години, бидејќи компанијата спроведува студии за неговите придобивки во комбинација со други лекови против рак.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...