„Тојота“ (Toyota Motor Corp.) одржа рекордна глобална продажба во текот на првата половина од фискалната година бидејќи растот во САД помогна да им се спротивстави на „млаките“ резултати во Јапонија и во Кина.
Глобалната продажба, вклучувајќи ги и подружниците „Дајхатсу“ (Daihatsu Motor Co.) и „Хино“ (Hino Motors Ltd.), во септември се зголеми за речиси три отсто во однос на истиот месец претходната година - на 949.153 единици, соопшти денеска компанијата. Производството се зголеми за девет отсто, на 1.036.106 возила.
Најголемиот светски производител на автомобили успеа да постигне вкупен раст и покрај нестабилноста во Кина и трговските тензии предизвикани од царините на американскиот претседател Доналд Трамп за автомобили и автоделови увезени во САД. Компанијата произведе и продаде рекорден број возила седум месеци по ред оваа година – иако нејзината серија се намали во август.
Прочитај повеќе
Трамп воведе царини за камиони и автобуси, а го продолжи олеснувањето за автомобили
Трамп формално воведе царини од 25 проценти за увезени средни и тешки камиони и делови, како и царина од 10 отсто за автобуси.
18.10.2025
Кинезите ги надминаа „Ауди“ и „Рено“: Офанзива од Истокот
Кинеските производители на автомобили во август годинава продале повеќе возила од „Рено“ и „Ауди“. Продажбата на возилата од кинеските производители е двојно поголема од август лани, а нивниот удел на европскиот пазар надмина пет отсто. Лани во август изнесуваше 2,9 отсто.
01.10.2025
„Кар шерингот“ и електричните возила го менуваат рентакар-бизнисот во Македонија
Процените покажуваат дека трендот на раст ќе продолжи – глобалниот пазар годинава би достигнал околу 158 милијарди долари, додека во 2030 година би се искачил на 230 милијарди долари.
30.09.2025
Додека продажбата на брендовите „Тојота“ и „Лексус“ малку се намали во Кина и Јапонија во септември, сепак во САД таа се зголеми за повеќе од 14 проценти благодарение на силната побарувачка за бензинско-електрични хибриди, кои сочинуваа 42 отсто од вкупната продажба во текот на првата половина од фискалната година. Вкупната продажба во тој период се зголеми за пет проценти, што е рекорд за шестмесечната пресметковна рамка.
Традиционалните брендови го губат теренот во Кина, каде што домашните производители предводени од БЈД (BYD Co.) пораснаа и доминираат на најголемиот пазар на автомобили во светот.
„Тојота“ врати малку стабилност таму, делумно поради популарноста на својот целосно електричен „bZ3X“ и неговите хибридни модели. Но, намалувањето на пазарот дома претставува долгорочен предизвик.
Продажбата на „Тојота“ во Кина во септември се намали за еден отсто, откако повеќе региони ги прекинаа субвенциите, но падна и за пет проценти во Јапонија поради намаленото производство по значителното повлекување на „приус“ (Prius).
Глобалната продажба на „Хонда“ (Honda Motor Co.) во септември се намали за речиси шест проценти, на 290.275 единици, соопшти денеска компанијата. Продажбата само во Кина се намали за 13 отсто.
Продажбата, пак, на „Нисан“ (Nissan Motor Co.) се намали за речиси четири проценти, на 278.157 единици.