Кинеските производители на автомобили во август годинава продале повеќе возила од „Рено“ и „Ауди“. Продажбата на возилата од кинеските производители е двојно поголема од август лани, а нивниот удел на европскиот пазар надмина пет отсто. Лани во август изнесуваше 2,9 отсто.
Повеќе од 43.500 возила од кинески автомобилски брендови беа регистрирани во август, што е раст од 121 отсто на годишно ниво и повеќе од индивидуалните продажби на неколку големи европски бренда. Вкупните регистрации на кинески брендови минатиот месец беа поголеми од оние на „Ауди“ (41.300 возила) и „Рено“ (37.800 возила), покажуваат податоците на „Јато динамикс“.
Силниот раст на продажбата е воден од сѐ поголемиот интерес за плагин хибридни електрични возила што користат комбинација од бензин и електрична енергија. Соочени со повисоки царини за увоз на батериски електрични возила во Европа, кинеските автомобилски брендови сега го засилуваат своето присуство во сегментот на хибриди.
Прочитај повеќе

„Кар шерингот“ и електричните возила го менуваат рентакар-бизнисот во Македонија
Процените покажуваат дека трендот на раст ќе продолжи – глобалниот пазар годинава би достигнал околу 158 милијарди долари, додека во 2030 година би се искачил на 230 милијарди долари.
30.09.2025

Десет години по „Дизелгејт“: Како аферата ја промени автомобилската индустрија
Десет години по „Дизелгејт“: Хибридите ги претркаа дизелите, а индустријата се промени засекогаш...
25.09.2025

Ќе успее ли автоиндустријата да ги помести климатските цели - Брисел е на потег
Најголемите производители на автомобили во Европа в петок на состанок во Брисел ќе бараат реални климатски цели.
11.09.2025

Кинеската БЈД со двојно повеќе модели на возила ја освојува Европа
БЈД, „Икспенг“ и „Липмотор“ го користат саемот во Минхен за проширување во Европа, заканувајќи им се на позициите на европските гиганти.
09.09.2025

Цените и економијата го диктираат изборот: Македонија се префрла на половни возила
До август увезени се возила колку во цела 2023 година
09.09.2025
Регистрациите пораснаа од само 779 единици во август 2024 на 11.064 минатиот месец, при што сега кинескиот гигант БЈД е осмиот најпродаван бренд за ваков тип возила. Во рангирањето на топ 10 хибриди се вклучени три кинески модели, „БЈД сил ју“ (BYD Seal U), „џејку џеј7“ (Jaecoo J7) и МГ ХС (MG HS).
Конкурентна цена
До пред некоја година производите „Мејд ин Чајна“ немаа добар имиџ. Им се замеруваше и за квалитетот и за изгледот. Работите се сменија, а предводник на промените беа конкурентните цени.
Конкретно, неодамна „Блумберг Адрија“ ја тестираше спортската лимузина „сил“ на БЈД. Продавачот во продажниот салон во Загреб го нарече возилото најслично нешто до „порше тајкан“. Што се однесува до цената, таа е трипати пониска. Тестираниот „сил“ во Хрватска се продава по цена од 51.000 евра, „порше тајкан“, пак, чини околу 150.000 евра.
Што се однесува до перформансите на кинеските возила, неодамна пишувавме за возачкото искуство за моделот „старреј“ (starray) на „Гили“ – на автопат, нашите соговорници велат дека возењето е лесно како „низ путер“. Поради својата големина, возилото е стабилно на патот, а со брзина од 120 или 130 километри на час, моторот не е бучен, не се мачи и има моќност, особено кога е активиран „спортскиот“ режим на возење.
Силна државна поддршка
Кинескиот пробив на европскиот пазар е последица на силните субвенции што Пекинг ги обезбедува за тамошните производители. Владата обезбеди широк спектар на субвенции за да го зголеми производството. Меѓу нив се замена на стари за нови возила, бесплатни регистарски таблички за електричните возила, субвенционирани цени за полнење на возилата. Компаниите, пак, добиваат даночни олеснувања.
Според програмата што важеше од 2010 до 2022 година, за купувачите на електрични и хибридни возила беше обезбедена субвенцијата од околу 8.200 долари по возило. Повратот им се исплаќаше на производителите во пакет, а тие потоа ја намалуваа малопродажната цена за купувачите.
Освен државата, и провинциите нудеа субвенции, кои во некои случаи достигнуваа до 50 отсто од државната помош. Со програмата за субвенционирање беа опфатени сите, од физички лица, компании, државни институции.
Половни возила со поминати нула километри
Системот овозможи простор за измами, а државата често правеше и контроли. Последната ревизија се случи годинава и таа покажа дека некои производители на автомобили, вклучувајќи ги и БЈД и „Чери“, во период од пет години, почнувајќи од 2016 година, добивале субвенции за електрични возила што всушност не им припаѓале. Вкупниот износ надминал 864 милиони јуани односно 121 милион американски долари.
Производителите, под притисок да ги исполнат продажните цели, понекогаш им ги продавале новите возила на трговци или дилери во големи количества, кои потоа ги регистрирале возилата за компаниите да ги евидентираат како продажба. Потоа, овие речиси нови возила завршувале на пазарот за половни автомобили, станувајќи „половни возила со нула километража“.
Приоритет е зелената агенда
Кина и годинава ја обнови програмата за субвенции за замена на старо возило со ново, со цел да ги поттикне продажбите на енергетски ефикасни возила, вклучувајќи електрични и хибридни автомобили.
И натаму поддршката е иста, 20.000 јуани за замена на старо возило со ново електрично или плагин хибридно, а за ново возило со бензински мотор поддршката изнесува 15.000 јуани. Во новата програма повеќе возила се квалификуваат за замена.
Преку оваа програма Кина вложува и во зелената агенда. Минатата година беа отстранети над 2,9 милиони стари возила и купени над 3,7 милиони нови, со вкупна вредност на продажбата од 920 милијарди јуани (околу 125 милијарди долари).
Програмата за замена не се однесува само на автомобили туку вклучува и домашни апарати – микробранови печки, апарати за ориз и филтри за вода – кои сега се квалификуваат за субвенции до 20 отсто од продажната цена. Програмата во иднина треба да се прошири и на технолошки уреди како мобилни телефони и паметни часовници, со цел да се поттикне потрошувачката и да се зајакне економијата.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...