„Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.) се соочува со опсежна антимонополска истрага од страна на Европската Унија (ЕУ), која треба да почне уште оваа недела за тоа како нејзините функции со вештачка интелигенција (ВИ) во Ватсап (WhatsApp) може да и наштетат на конкуренцијата. Тоа претставува најнова истрага за доминацијата на големите технолошки компании на континентот.
Европската комисија се подготвува да ја отвори истрагата според своите традиционални антимонополски правила, испитувајќи ги сите наводни антиконкурентски ефекти од интеграцијата на нејзиниот систем „Мета еј-ај“ (Meta AI) од страна на американската компанија во популарната услуга за размена на пораки, информираат луѓе запознаени со ова прашање.
Не е јасно кој аспект од воведувањето, кое инаку започна во март, агенцијата може да го таргетира. Луѓето велат дека истрагата е неизбежна, но и дека може да има промена во опфатеното време.
Прочитај повеќе
Не очекувајте ВИ да ја загрози доминацијата на пребарувачот на „Гугл“
Донесена е пресуда дека вештачката интелигенција може да го наруши доминантниот статус на „Гугл“, но две нови книги тврдат дека монополите ретко се коригираат сами од себе.
28.11.2025
Гугл е прогласен за монопол - што значи тоа и што следува
За помалку од една година тој двапати беше прогласен за виновен за незаконски монопол
19.04.2025
Зошто се бара од „Гугл“ да го продаде Хром - објаснување на целиот случај
Државните обвинители тврдеа дека „Гугл“, чиј пребарувач контролира речиси 90 отсто од онлајн пребарувањата, платил милијарди долари за да одржи монопол над пазарот.
20.11.2024
„Фајненшл тајмс“ (Financial Times) претходно веќе објави за истрагата. Минатиот месец италијанските регулатори ја проширија истрагата за употребата на алатки за вештачка интелигенција од страна на „Мета“ во Ватсап поради наводна злоупотреба на доминантната пазарна позиција во нејзините четбот услуги.
Во последните години ЕУ го зголеми притисокот врз големите технолошки компании, обидувајќи се да ги ограничи потенцијалните злоупотреби на пазарот бидејќи неколку фирми имаат огромна моќ во дигиталниот сектор.
Законодавството - Законот за дигитални пазари - воспостави низа правила кои главните играчи на пазарот мора, а кои не смеат да ги прават со цел да се ограничи антиконкурентското однесување.
Во април компанијата „Мета“ доби казна од 200 милиони евра за наводно кршење на тие правила, а во ноември 2024 година ѝ беше наредено да плати 798 милиони евра за поврзување на својата услуга „Фејсбук маркетплејс“ (Facebook Marketplace) со својата социјална мрежа - нешто што регулаторите го оценија како злоупотреба на доминантната положба.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, долго време се лутеше на технолошката и антимонополската регулатива на ЕУ коишто им попречуваат на американските компании. Во август тој се закани дека ќе воведе нови царини и ограничувања на извозот на напредна технологија и полупроводници како одмазда за даноците за дигитални услуги на другите земји што ги погодија американските технолошки компании.
Европската комисија одби да коментира. „Мета“ не одговори веднаш на барањето за коментар.