Услугите од катастарот се прескапи за општините, а размената на податоци е на многу ниско ниво, што ја отежнува работата на локалните власти за утврдување и наплата на данокот на имот. Некои општини го решаваат проблемот со работа на терен и сами ја утврдуваат фактичката состојба со имотите на граѓаните. Најчеста примена на најниската стапка на оданочување на данокот на имот, системски недостатоци во регистрите за недвижен имот, недостиг од соработка меѓу институциите, одложување на процесот на ревреднување на имотот се само дел од слабостите што ги забележуваме во нашата анализа на процесот за наплата на данокот на имот, што резултира со празни општински каси.
Каде да вложите во регионот ако сакате „посочна“ дивиденда?
Подготвивме преглед на тековните предлози за дивиденда на регионалните компании поднесени од управните и надзорните одбори пред генералното собрание и составивме листа на топ 10 компании со најатрактивни дивиденди. Некои акционери ќе бидат изненадени од двоцифрен принос од дивиденда, додека инвеститорите во други акции ќе останат со празни раце.
Иако берзите во регионот се доста неликвидни, некои регионални акционерски друштва го дополнуваат тоа со традиционално добри дивиденди, кои првенствено се однесуваат на компаниите котирани на Загрепската и Љубљанската берза.
Иако бавно, продолжува растот на каматите
Затегнувањето на монетарната политика бавно се пренесува на каматните политики на македонските банки иако последните податоци на Народната банка откриваат пораст на каматите на кредитите и на депозитите. Во април, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно зголемување од 0,04 п.п. и 0,78 п.п., соодветно, и изнесува 5,08 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,17 отсто, што претставува месечен и годишен раст од 0,06 п.п. и 0,49 п.п., соодветно.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во април е зголемена на месечно и годишно ниво за 0,18 п.п. и 1,46 п.п., соодветно, и изнесува 5,44 проценти. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,23 проценти и бележи месечен и годишен раст од 0,19 п.п. и 1,58 п.п.
Добри вести од Франција, но рано е за славење
Инфлацијата во Франција се намали повеќе од очекуваното, достигнувајќи најниско ниво во изминатава година, што е поттик за претставниците на Европската централна банка, кои велат дека зголемувањето на каматните стапки наскоро може да заврши.
Годишните промени на потрошувачките цени во втората по големина економија во еврозоната се намалија на 6 проценти во мај од 6,9 проценти во април, според податоците објавени денеска. Тоа е поголемо забавување отколку што проценија економистите анкетирани од „Блумберг“, кои очекуваа стапка на инфлација од 6,4 проценти.
Странските инвестиции се сведоа на реинвестирана добивка
Во текот на првиот квартал од 2023 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 126,5 милиони евра, како резултат на реинвестираната добивка (107,2 милиона евра) и зголемените инвестиции во сопственичкиот капитал (44,7 милион евра), додека кај меѓукомпанискиот долг се остварени нето-одливи (од 25,5 милиони евра).
Статистиката на Народната банка покажува дека во првите три месеци од годинава најголем прилив на странски инвестиции има од Турција (33,4 милиони евра), а потоа следуваат Холандија (26,1 милиони евра), Унгарија (15,4 милиони евра), Словенија (10,5 милиони евра) и Германија (8,5 милиони евра).