Индија може да стане првата земја што ќе слета вселенско летало во близината на јужниот пол на Месечината, откако обидот на Русија да слета на природниот сателит на Земјата заврши неуспешно поради дефект на моторот.
„Чандрајан-3“ (Chandrayaan-3), индиското вселенско летало што беше лансирано минатиот месец, треба да слета во 18.04 часот по локално време в среда, откако руската „Луна-25“ се урна на Месечината во неделата. Роверот наречен Прагјан (Pragyan), или мудрост, потоа ќе го анализира хемискиот состав на површината на Месечината и ќе бара вода во текот на еден лунарен ден, што е еквивалентно на 14 дена на Земјата.
Вселенското летало е во трендинг на платформата X, некогаш позната како Твитер, додека индустријалците милијардери и актерите од Боливуд со нетрпение го очекуваат историскиот момент. Училиштата ги повикаа учениците од најнаселената земја во светот, со 1,4 милијарди луѓе, да го следат настанот во живо.
Прочитај повеќе
Кина на Месечината ќе гради база на нуклерана енергија
Кина планира да ја изгради својата прва база на Месечината до 2028 година.
26.11.2022
Кина најави повеќе мисии на Месечината откако пронајде нов минерал
Кина планира да лансира три мисии без екипаж на Месечината во следните 10 години.
12.09.2022
НАСА вторпат го откажа лансирањето ракета кон Месечината
Одбројувањето беше запрено поради истекувањето на гориво
04.09.2022
Студенти ќе испратат робот на Месечината пред НАСА
Со комерцијален вселенски лет во мај, ровер по име „Ирис“ ќе биде испратен на површината на Месечината.
12.05.2023
Климатските промени водат до вселенска трка за мутирани семиња
Меѓународната агенција за атомска енергија првпат користи космичко зрачење за да мутира семиња.
04.03.2023
Тоа исто така ќе значи дека Индија ќе стане втората земја, заедно со Кина, која ќе има оперативен ровер на Месечината.
Успешното слетување ќе го зајакне престижот на Индија во глобалната вселенска трка, откако земјата претрпе неуспешна мисија на Месечината во 2019 година. Премиерот Нарендра Моди сака да го зајакне местото на земјата меѓу конкурентските земји за вселенски истражувања, а во јуни Индија ја потпиша „Артемис акордс“, иницијатива поддржана од САД со повеќе од дваесет други земји за управување со заеднички мисии и цивилно истражување на вселената.
Мразот присутен на неистражениот јужен пол на Месечината го поттикна интересот на земјите што ја истражуваат вселената, вклучувајќи ги САД и Кина. Тоа би можело да биде клучен ресурс за пиење, дишење и ракетно гориво за унапредување на човечкото истражување на вселената подлабоко во Сончевиот Систем.
Мисијата „Артемис III“ на американската вселенска агенција планира да ги испрати првите луѓе да ја истражуваат областа во близината на јужниот пол во 2025 година. Кина исто така има намера да изгради истражувачка станица во близината на таа област и да испрати астронаути на Месечината до 2030 година. Јапонија има мисија без екипаж чие лансирање е планирано за 26 август.
Индија има други планови. Таа планира да ја демонстрира својата способност за човечки вселенски лет преку мисијата „Гаганијан“ (Gaganiaan), која ќе лансира членови на екипажот во орбитата, на 400 километри, во времетраење од три дена, пред да ги врати безбедно на Земјата.
Индиската вселенска агенција и НАСА се договорија да испратат индиски астронаут на Меѓународната вселенска станица. Јужноазиската нација е во преговори и со Јапонија за да работат заедно на мисија на Месечината.
Акциите на индиските воздухопловни компании, како што е ПТЦ (PTC Industries Ltd.), кои испорачуваа клучни компоненти за ракетата „Чандрајан-3“, „Зен технолоџис“ (Zen Technologies Ltd.) и „Центум електроникс“ (Centum Electronics Ltd.), се зголемија на тргувањето во Мумбај во вторникот.