Изборите во САД во ноември сѐ поизвесно е дека ќе бидат реприза на претходните. По повлекувањето на Ники Хејли од трката за номинација во рамките на Републиканската партија, се поизвесно е дека претстои уште едно соочување меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелниот, Џо Бајден.
Добро утро, ова се петте вести кои се важни за почеток на денот.
Колку чини „машкоста“ на Западен Балкан: Отворено со Тања Михајловска Димитриевска
Нашиот регион заостанува зад земјите на Европската Унија не само според вклученоста на жените во економскиот развој туку и во однос на родовата еднаквост. Статистиките за регионот Адрија покажуваат дека жените сè уште имаат мало учество во управните и надзорните одбори.
Статистиките не се менуваат брзо. Добро е што полека се менува волјата за промени. Во овој разговор за женските права, ама не во црно-белата дефиниција, која со години веќе се злоупотребува, разговаравме со Тања Михајловска Димитриевска, амбасадорка и прв човек за Македонија на регионалното здружение „Вомен он бордс Адрија“ (Women on Boards Adria – WOBA).
Стереотипите сè уште владеат во ЕУ: Повеќе жени секретарки отколку менаџерки
Најголем број вработени на возраст од 15 до 64 години во ЕУ се мажи односно 53,5 проценти се мажи наспроти 46,5 проценти жени, покажуваат новите податоци на „Евростат“ што се однесуваат на третиот квартал од 2023 година.
Во некои главни групи занимања класифицирани според Меѓународната стандардна класификација на занимања жените претставуваат поголем удел на вработените. Дури 65,8 проценти од работниците за службеничка поддршка се жени, 63,5 проценти од работниците во услугите и продажбата, 54,3 проценти од научниците и наставниците и 53 проценти од оние што се занимаваат со основни занимања. Жените се еднакво застапени како мажите меѓу техничарите и придружните професионалци (50 проценти).
Аналитичари: ЕЦБ ќе остане претпазлива, ризик се високите плати
Очекуваме Европската централна банка (ЕЦБ) да го задржи нивото на каматните стапки непроменето на седницата во март, особено што сигналите од макроекономското опкружување не се најјасни и веруваме дека ЕЦБ ќе го задржи својот претпазлив пристап.
Инфлацијата во еврозоната се приближи до целните 2 процента (2,6 отсто во февруари 2024 година), но нејзиниот понатамошен тек е засенет од стабилниот пазар на трудот и зголемените плати, што им оди во прилог на инфлаторните притисоци.
Рекордите на биткоинот и на златото се неверојатен контраст за пазарите
Рекордно високите вредности што во вторникот ги достигнаа биткоинот и златото испраќаат мешани пораки за апетитот за ризик на глобалните пазари.
Новите врвови за криптовалутата и благородниот метал ги означуваат првите симултани рекорди за двете средства откако биткоинот излезе од сенката пред повеќе од една деценија. Сепак, вообичаено се смета дека значително различни двигатели го поттикнуваат секое средство – златото дејствува како рај за складирање вредност со милениуми, додека секоја улога на биткоинот надвор од чистата шпекулација е жестоко оспорувана.
Негативната економија на автофагијата
Дали е здраво да не јадете по 16 часа или повеќе секој ден? За побожните, постот го умртвува телото за да ја зајакне душата. Меѓутоа, за другите, постот се поврзува со благосостојба.
Многу неодамнешни извештаи, без научна база, но и научни, покажаа дека постот стана примамлив пат кон здравјето. Нерелигиозниот пост може да трае од 24 часа или повеќе без храна до периоди во кои ќе „гладувате“ по 16 часа на ден. Наводно овој начин на исхрана овозможува во времето кога не јадете вашите клетки да се поттурнат кон автофагија, збор што на грчки значи „самојадење“ или „самоварење“, една од функциите за чистење на телото што го ослободува вашиот систем од акумулираното „ѓубре“.