text size
Правилно спроведена супервизија и ефикасен систем на регулација се единствениот начин да се одржи стабилен банкарскиот систем и да се осигури дека довербата во него нема да биде нарушена поради тековните пресврти во секторот и промените што ги предизвика дигитализацијата, се согласија панелистите на конференцијата организирана од медиумската компанија „Блумберг Адрија“ (Bloomberg Adria). Еден од заклучоците на конференцијата е дека регулацијата на банкарскиот сектор во Европа е построга отколку во САД.