text size
Стапката на инфлација во Македонија достигна 11,9 отсто од мај, што не се случило од деведесетите години од минатиот век. Главни причини за овој рекорден раст на инфлацијата во земјава се енормните поскапувања на храната и на енергенсите. Нашето истражување покажа дека слична мака имаат и повеќето земји од регионот Адрија. Србија, БИХ, Хрватска и Словенија, исто како и Македонија, се жртви на таканаречената „увозна инфлација“. Имено, сите ги трпат последиците од растот на цените на суровините и производите од увоз, што следува по започнувањето на војната во Украина и продлабочувањето на енергетската криза.