text size
Извршниот одбор на Народната банка на Србија на денешната седница донесе одлука за зголемување на референтната каматна стапка за 50 базични поени, на пет проценти. Во иста мера е зголемена и стапката на депозитните средства која сега изнесува четири проценти, како и стапката на кредитните олеснувања, којашто се зголеми на шест проценти.