text size
Кога повеќето луѓе инвестираат, тие го прават тоа за да заработат повеќе пари. Но, инвестициите носат свои ризици, што значи дека нема гаранција за профит, но постои и можност да се изгуби се, што ја вклучува и почетната инвестиција. Всушност, сите инвестиции носат одреден степен на ризик, но некои се помалку ризични од другите, беше истакнато на конференцијата на „Блумберг Адрија“ – „Иднината на инвестирањето“.