text size
Во последниот скандал со гас поврзан со хрватаската компанија INA (ИНА), кој деновиве го привлече вниманието на јавноста и во кој предизвиканата штета се проценува на повеќе од милијарда куни (133 милиони евра), една од најголемите енигми е како никој друг не реагирал пред банката, која предупреди на можно перење пари. Мала, непозната, новооснована компанија одеднаш почнува да тргува со огромни количини гас, да го извезува во странство, да врти стотици милиони куни на својата сметка, при што десетици и стотици милиони приход се слеваат кај приватни лица, а не реагираат ниту царината, ниту даночниците, ниту регулаторите на пазарот, туку банката.