Акциите пораснаа, а цените на нафтата брзо паднаа поради зголемени шпекулации дека војната во Иран се движи кон крај. Корекцијата следеше откако иранската агенција ИРНА објави дека претседателот на Иран е подготвен да ја заврши војната.
„Иран има ‘потребна волја да ја заврши оваа војна’, но очекува да бидат исполнети одредени услови, ‘особено суштинските гаранции за спречување на повторување на агресијата’, изјави претседателот Масуд Пезешкијан во телефонски разговор со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта.
Добро утро, ова се останатите пет вести што се важни за почеток на денот.
Кои се најскапо купените автомобили во регионот Адрија
На патиштата пристигна чудо од Маранело, „Ролс-Ројс“ што го одзема здивот, блиндиран „БМВ“ и повеќемилионски електричен хиперспортски автомобил.
Државите од регионот, односно државите настанати од поранешна Југославија, историски отсекогаш биле поврзани со автомобилите. Иако по Втората светска војна автомобилите често биле тешко достапни, па дури и недостапни, љубовта кон автомобилите секогаш била и останала многу силна. Само неколку држави останаа во контакт со автомобилската индустрија, и тоа преку фабриките во Крагуевац, Сараево и Ново Место.
Лажна сигурност - малопродажбата не е имуна на инфлација
Додека војната на Блискиот Исток продолжува да ги зголемува цените на енергијата, глобалните пазари не излегуваат од режимот на страв. Инвеститорите денес неуморно бараат засолниште од новиот бран на инфлацијата, гледајќи како дури и златото тоне, очајно се обидуваат да најдат сектори кои не само што можат да издржат зголемување на цените, туку и да излезат посилни.
Малопродажбата (англиски: retail) се смета за врвен дефанзивен сектор кој може да ја „проголта“ инфлацијата и едноставно да ја пренесе на крајниот потрошувач. Тоа ни кажува навидум непробојната логика. Ако лебот и млекото поскапат, трговците ќе ги зголемат цените само за да ги заштитат своите маржи, оставајќи го инвеститорот смирен додека бурата поминува. Токму затоа овој наратив опстојува низ циклусите бидејќи изгледа интуитивен и лесен за разбирање, што го прави особено опасен кога податоците почнуваат да кажуваат поинаку.
Сопственички спор става печат на катастрофалната сезона на голем лондонски клуб
Во текот на повеќе од 25 години, сопствениците на Тотенхем (Tottenham Hotspur), Даниел Леви и Џо Луис, го претворија тимот, кој се наоѓаше на средината од табелата, во европски гигант, со стадион вреден милијарда фунти (1,3 милијарда долари). Сепак, зад сцената, едно од најдолговечните партнерства во англискиот фудбал се распадна во правен и финансиски конфликт.
За време на викендот Тотенхем отпушти трет тренер во една година, додека резултатите на теренот дополнително се влошуваат. Надвор од теренот, Леви, според извори запознаени со ситуацијата, разгледувал тужба против својот поранешен деловен партнер откако без посебни церемонии беше отстранет од клубот што го водеше.
Што сака Саудиска Арабија од војната со Иран? Ќе се вклучи ли во неа?
За Саудиска Арабија, тоа што се најде заробена среде војна меѓу Иран и неговите најголеми непријатели - Израел и САД - претставува остварување на најлошото сценарио од кое кралството одамна се плашеше.
Државата, која се гледа себеси како економски и политички лидер на арапскиот свет и светилник за муслиманите ширум светот, Иран одамна го доживува како ривал - и како закана против која претходниот саудиски крал повеќепати ги повикуваше САД да преземат мерки. Но откако САД навистина го направија тоа, Саудиска Арабија со загриженост сфати дека е вовлечена во судирот.
Зошто Трамп го таргетира иранскиот нафтен извозен јазол на островот Харг
Иранскиот извоз на нафта речиси целосно зависи од малата потпора во Персискиот залив: островот Харг.
Сместен 15 милји (24 километри) од иранското копно, островот е точка за товарење на околу 90 проценти од испораките на сурова нафта од таа земја. Извозот опадна само минимално откако САД и Израел започнаа напади врз Иран, бидејќи Исламската Република продолжува да испраќа сопствени бродови низ Ормускиот Теснец, додека истовремено практично го затвора пловниот пат за сите, освен одобрените бродови од други земји.