text size
Народната банка на последната седница донесе одлука за задржување на основната каматна стапка на нивото од четири проценти. „Одлуката за монетарната политика беше донесена во услови на исклучително зголемена глобална непредвидливост и потреба од дополнителни информации за поцелосно согледување на ефектите врз домашната економија“, наведуваат од Народната банка.