text size
Европската централна банка ги остави каматните стапки непроменети по четврти пат, додека инфлацијата се движи околу целната вредност, а еврозоната се справува со глобалните шокови. Депозитната стапка беше задржана на 2 проценти по вчерашниот состанок - како што предвидоа сите аналитичари во анкетата на „Блумберг“. Креаторите на политиките продолжија да не даваат насоки за идните чекори, нагласувајќи дека ќе одлучуваат состанок по состанок врз основа на новите податоци.