Претседателот Доналд Трамп изрази загриженост дека нападите врз Иран би можеле да доведат до ново раководство што би било исто толку проблематично за Вашингтон како и режимот што САД и Израел се обидуваат да го соборат.
Што се однесува во цените на нафтата кои во последните два дена галопираат Трамп вели дека тие може ќе биде високи извесно време, но потоа ќе паднат. Тој не прецизираше кога ќе запрат воените операции.
За разлика од цените на енергентите, цените на златото и среброто тонат, а распродажбата на обврзници продолжува. Експертите велат дека на пазарите ќе им требаат околу две години за да се соземат од овој удар,
Македонија урна рекорд во недостиг од работници
Бројот на слободни работни места во Македонија заклучно со четвртото тримесечје од 2025 година изнесувал 10.615, што е убедливо највисока бројка за повеќе од една деценија. Новиот рекорд е само потврда дека во земјава веќе подолг период постои хроничен недостиг од работници во повеќе сектори.
Меѓу главните причини за ваквата состојба се нискиот стандард на работниците во Македонија поради што расте бројот на македонски граѓани кои се иселуваат и среќата си ја бараат надвор, како и лошите демографски политики кои придонесоа кон континуиран негативен природен прираст.
И покрај кратењата на Трамп, обновливите извори достигнаа нов рекорд
Американските комунални компании минатата година произведоа рекордно количество електрична енергија од обновливи извори, и тоа во време кога администрацијата на Доналд Трамп воведуваше низа мерки за да го забави развојот на зелената енергија.
Од обновливи извори во 2025 година се произведени 1.162 терават-часа електрична енергија, што е 10 отсто повеќе отколку претходната година, покажуваат податоците на сојузната влада. Обновливите извори сочинувале 26 проценти од вкупното производството на електрична енергија во САД, што е доволно за снабдување на околу 108 милиони домаќинства за една година.
Како јапонски производител на тоалети се позиционираше како скриена можност за вештачката интелигенција
Што ако ви кажевме дека еден од најголемите производители на тоалети во Јапонија го крие своето место во светскиот премин кон вештачка интелигенција? Ако го пропуштивте првиот бран на раст на вештачката интелигенција и барате можност што пазарот сè уште не ја забележал, ова можеби е приказната за вас.
Многу аналитичари ја сметаат оваа компанија за потценета и занемарена можност за инвестирање во технологиите на иднината, а подолу откриваме за што всушност станува збор.
Норвешка не може да го зголеми производството на гас, Европа допрва ќе се соочи со недостиг
Производителите на природен гас во Норвешка работат речиси со полн капацитет, според министерот за енергетика на земјата, што врши дополнителен притисок врз европските држави кои се обидуваат да ги наполнат испразнетите резерви со гориво.
„Во суштина произведуваме со полн капацитет. Не мислам дека има многу дополнителен излез што може да се најде,“ изјави Терје Аасланд во интервју во неговата канцеларија во Осло во вторникот. „Се надеваме дека ова нема да биде долготрајна ситуација.“
Трамп сака да ги прекине сите односи со Шпанија
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на секретарот за финансии, Скот Бесент, да „го прекине целото тргување со Шпанија“ откако земјата одби да даде пристап до своите воени бази за неговата кампања на бомбардирање против Иран.
„Му реков на Скот да ги прекине сите односи со Шпанија,“ изјави Трамп во вторникот за време на средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа.