text size
Војната со Иран не стивнува, цената на нафтата оди нагоре-надолу реагирајќи на секоја изјава на Трамп, а од полноќ денеска во Македонија се точи поскапо гориво. Новата цена на дизелот е 92 денари за литар, а бензините БС-95 и БС-98 чинат по 86,5 и 88,5 денари за литар. Од почетокот на кризата на Блискиот Исток цената на дизелот во земјава се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар.