text size
Од септември 2021 година до јануари годинава, членките на Европската Унија доделиле 681 милијарда евра за ублажување на влијанието на енергетската криза, Британија 103 милијарди евра, а Норвешка 8,1 милијарди евра. Луксембург, Данска и Германија издвојуваат најголеми суми по жител, се вели во анализата на аналитичкиот центар „Бригел“ (Bruegel), објавена во понеделникот.