Германските компании од машинската индустрија не гледаат никаков знак за подобрување на деловните перспективи во услови на постојана слабост на економијата на глобално ниво, според водечкото лоби за инженерска индустрија во земјата.
Реалниот пад на нарачките во мај изнесуваше 10 проценти во споредба со истиот месец во 2022 година, се вели во соопштението на ВДМА (VDMA) со седиште во Франкфурт. Побарувачката од странство се намали за 18 проценти.
Извештајот дава првично навестување за слабостите на Германија во клучната недела за податоците што треба да покажат во каква кондицијата е производството во најголемата европска економија откако претрпе рецесија на почетокот од оваа година. Тоа ќе кулминира со објавувањето на бројките за индустриското производство во петок, кои може да покажат дека растот запира во мај по малото зголемување претходниот месец.
Прочитај повеќе

Еврозоната речиси во стагнација, повторно мириса на рецесија
Еврото имаше пад од 0,9 проценти, додека приносите на двегодишните германски обврзници паднаа на најниско ниво во последните седум недели
23.06.2023

Германската економија губи залет поради забавувањето на услугите
Германската економска активност изгуби многу повеќе од очекуваното во јуни.
23.06.2023

Германија му дава на „Интел“ 10 милијарди евра за фабрика за чипови
Фабриката треба да биде изградена во источниот дел на Германија.
19.06.2023

Рајна почна да пресушува, претстои тешко лето
Измереното ниво на водата во Кауб, клучна точка на пригушување вчера попладне изнесуваше 1,43 метри, покажуваат владините податоци
17.06.2023

Вечните слабости на македонскиот извоз
Македонскиот економски модел нема капацитет да испорача повисоки стапки на економски раст
16.06.2023
„Трендот на опаѓање во последните месеци продолжи“, рече Ралф Вичерс, главен економист на „ВДМА“. „Нашите очекувања за постојано слаба глобална инвестициска побарувачка се потврдија. Нарачките за наредните месеци сè уште се доволно големи, но се поголем број компании веќе чувствуваат промена во овој дел“, додаде тој.
Слабата побарувачка од Кина влијаеше врз германското производство оваа година и тоа може да продолжи. Претходно, индексот на производствената активност во втората по големина економија во светот покажа побавно темпо на експанзија во јуни, бидејќи компаниите станаа повнимателни во однос на изгледите за нивното производство.
Бизнис анкетите во Германија се надоврзуваат на извештајот на ВДМА. Индексот на институтот ИФО (Ifo) со седиште во Минхен покажа дека изгледите на компаниите во јуни се влошиле паѓајќи на најниско забележано ниво во 2023 година.
Тоа сугерира дека закрепнувањето од рецесијата може да биде бавно. Минатата недела „Бундесбанката“ соопшти дека економијата имала мал раст во трите месеци до јуни и дека индустријата ја влече надолу.
Индексот на менаџерите за набавка на фабриките за јуни денеска беше ревидиран надолу, и сигнализира поголемо влошување од претходно објавените податоци.
„Условите во производствениот сектор несомнено се влошија, но ова не е крах“, рече Сајрус де ла Рубија, главен економист во „Комерцијална банка Хамбург“. „Важно е да се запамети дека новите нарачки почнаа да паѓаат од многу високи нивоа, а производителите сè уште не прибегнаа кон намалување на работните места“, додаде тој.