Европа

Ранг-листа: Кои автомобили имаат најмногу дефекти‘?

Автор: Владимир Николоски

21. Јули 2022, 07:49

Акумулаторот најчеста причина за дефект

Во истражувањето се опфатени автомобили стари од 3 до 10 години.

Вкупно 132 модели од 22 брендови на возила се оценети

Ранг-листа: Кои автомобили имаат најмногу дефекти‘?

Bloomberg

Владимир Николоски

Германскиот автомобилски клуб АДАК (ADAC) го објави својот годишен извештај за најчестите дефекти на автомобилите на патиштата и за индексот на доверливост на автомобилите. Во истражувањето се опфатени автомобили стари од 3 до 10 години.

Според резултатите, автомобилите лани имале најчести проблеми со акумулаторите. Проблеми со акумулторите биле причина за дефект во 46,2 проценти од вкупно 3,49 милиони случаи.

Ако купувате употребуван автомобил, голема е веројатноста дека наскоро ќе треба да го замените акумулаторот. Освен веројатноста дека претходниот сопственик бил „небрежен“ со акумулаторот, замената ќе биде неопходна доколку се утврди дека автомобилот имал историја на проблеми со електричните системи. Колку е постар автомобилот, толку се почести проблемите со струјата, е општо прифатено мислење, коешто судејќи по оваа статистика е сосема точно.

На кои автомобили може најмногу да им се верува?

Вкупно 132 модели од 22 брендови на возила се оценети во истражувањето на АДАК за 2021 година. Земени се предвид сите пријавени дефекти во текот на минатата година кај автомобили чија прва регистрација била во периодот од 2012 до 2019 година.

Во табелите се прикажани број на дефекти на 1.000 регистрирани автомобили во одредена година. На пример, на 1.000 автомобили од моделот fiat 500 кои прв пат биле регистрирани во 2019 година лани биле пријавени 2,6 дефекти, додека за истата бројка автомобили регистрирани во 2012 година лани биле пријавени 22 дефекти.  

Прегледот на дефектите кај автомобилите од таканаречената микро-класа покажува дека Toyota Aygo е меѓу најсигурните, а добри карактеристики покажуваат и Opel Adam и Volkswagen.

Најмалиот модел на Audi ја предводи листата на мали автомобили, а добрио резултати имаат и Mini и Renault Captur.

Во попопуларната пониска средна класа, се истакнува Dacia Sandero, која има многу добри резултати, но не може да се спореди со статистиката за моделите на Audi и BMW.

Понудата во средната класа е нешто поскромна, а АДАК повторно заклучи дека најдобро котираат германските модели, а особено се истакнува BMW X3. Исклучок се Škoda Octavia и Volkswagen Passat и Sharan со прилично слаби резултати.

Од АДАК нагласуваат дека оценките од истражувањето во основа може да се сфатат како водич - но не повеќе од тоа. Бидејќи квалитетот на возилото исто така може да отстапи од статистичкиот рејтинг и позитивно и негативно.

Значи, ако сте нашле соодветна понуда на пазарот на употребувани автомобили по предизборот, треба да направите професионална проверка на користен автомобил независно од статистичката евалуација. Ова помага да се избегнат скапи поправки потоа.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија