Европа

Турција со највисока инфлација во последните 24 години

Извор: МИА

03. Август 2022, 13:42

Инфлацијата во Турција во јули достигна годишна стапка од 79,6 отсто

Ова е последица на континуираната слабост на лирата и високите глобални трошоци

Турција со највисока инфлација во последните 24 години

Bloomberg

Инфлацијата во Турција во јули достигна годишна стапка од 79,6 отсто, што е нејзино највисоко ниво во изминатите 24 години, покажаа денешните податоци на турскиот Завод за статистика. Се работи за последица на континуираната слабост на лирата и високите глобални трошоци за енергија и суровини.

Растот на инфлацијата во земјата започна минатата есен, кога лирата нагло падна, откако централната банка постепено ја намали клучната каматна стапка за 500 базични поени, на 14 отсто, во циклус на монетарно ублажување што го бараше претседателот, Реџеп Таип Ердоган.

На месечно ниво, потрошувачките цени во јули пораснаа за 2,37 отсто, објави турскиот Завод за статистика. Се предвидуваше дека на годишно ниво, инфлацијата на потрошувачките цени во јули ќе изнесува 80,5 отсто.

Џејсон Тувеј, виш економист за пазари во развој во „Капитал Економикс“, изјави дека годишната инфлација можеби се приближува до својот врв, со оглед на остриот пад на инфлацијата кај енергенсите. Инфлацијата на цените на храната се чини близу до врвот.

„Дури и доколку инфлацијата биде близу врвот, ќе остане блиску до сегашните многу високи стапки уште неколку месеци. Острите и неуредни падови на лирата остануваат клучен ризик“, истакна Тувеј.

Bloomberg
 

Најголем годишен раст на потрошувачките цени е забележан во транспортниот сектор, за дури 119,11 отсто, додека цените на храната и безалкохолните пијалаци пораснаа за 94,65 проценти.

Годинава, инфлацијата дополнително беше поттикната од економското влијание на руската инвазија врз Украина, како и од континуираниот пад на лирата, која лани ослабе 44 отсто во однос на доларот, а оваа година падна за уште 27 проценти.

По објавувањето на најновите податоци, лирата се тргуваше по главно непроменет курс од 17,956 лири за долар. Во декември цената накратко ѝ падна на рекордно ниско ниво, па за долар требаше да се издвојат 18,4 лири.

Годишната инфлација сега е на највисоко ниво од септември 1998 година, кога достигна 80,4 отсто, а Турција се бореше да стави крај на една деценија хронично висока инфлација.

Продажбата на Нестле расте и покрај растот на цените
Компании

Продажбата на Нестле расте и покрај растот на цените

Најголемиот светски производител на храна очекува раст на продажбата за 7 до 8 отсто во оваа фискална година, што е повеќе од претходната прогноза за раст од пет отсто, стои во денешното соопштение на компанијата.

28.07.2022

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија