Европа

Потрошувачите во еврозоната очекуваат лоши економски времиња

Извор: Jana Randow/Bloomberg News

04. Август 2022, 12:36

Истражувањето опфаќа шест земји кои сочинуваат 85 отсто од БДП

За наредната година граѓаните очекуваат пад на економската активност

Тие очекуваат инфлација над два отсто и за три години

Потрошувачите во еврозоната очекуваат лоши економски времиња

Bloomberg Mercury

Европската централна банка (ЕЦБ) се соочува со токсична мешавина од очекувања дека инфлацијата ќе расте, можна рецесија и влошување на условите на пазарот на трудот, покажуваат одговорите на граѓаните од анкетата спроведена меѓу домаќинствата во еврозоната.

Месечната анкета, која се спроведува од 2018 година, има за цел да ги информира лидерите на ЕЦБ за тоа како граѓаните гледаат на ситуацијата на терен со цел да се олесни процесот на донесување одлуки. Во овој момент најважен предизвик е колку брзо да се зголемат каматните стапки по првиот чекор што беше направен минатиот месец.

Медијалното очекување за инфлација во наредните 12 месеци се искачи на 5 отсто во јуни, а граѓаните очекуваат и дека годишниот раст на цените за три години би можел да биде 2,8 отсто, што е значително повисоко од целта на ЕЦБ да ја спушти инфлацијата под 2 отсто.

Исто така, граѓаните очекуваат дека следната година ќе дојде до рецесија од 1,3 проценти и дека невработеноста ќе достигне 11,5 отсто. Тоа, се разбира, навестува лоши знаци за личната потрошувачка, која досега го поддржуваше растот бидејќи индустријата се бори со проблеми во синџирот на снабдување, недостиг на работна сила и зголемени трошоци.

Во моментов ЕЦБ не прогнозира рецесија, а прогнозата за невработеност до 2024 година покажува константна стапка од под седум отсто.

По јулската одлука на ЕЦБ за зголемување на каматната стапка за половина процентен поен, веќе нема негативна каматна стапка, а од септември се очекуваат нови зголемувања.

Истражувањето на потрошувачите се заснова на одговорите на 14.000 возрасни лица од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Холандија и Белгија.

Ова се шесте економии кои сочинуваат 85 отсто од бруто домашниот производ на еврозоната.

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија