text size
Членовите на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе се сретнат во септември за да одлучуваат за натамошното движење на каматните стапки, при што се очекува централните банкари, по летната пауза, да гласаат за намалување на трошоците за задолжување. На тоа укажуваат грст економски извештаи што дадоа поблизок увид во состојбите во еврозоната, а последните прогнози на економските извештаи покажуваат дека монетарната институција ќе ги намалува каматните стапки по еднаш квартално до крајот на 2025 година.