Студентите во Велика Британија ќе мораат да работат неколку работи и дури да посетуваат банки за храна во следната академска година затоа што инфлацијата ја намали врендоста на нивните кредити и грантови.
Петтина од студентите велат дека ќе мора да работат по две работи кога универзитетите ќе почнат со настава од септември, покажува анкетата во која учествуваа 1.500 студенти. Кредитите кои студентите ги добиваат од Владата реално се на најниско ниво во последните седум години, покажуваат податоците на Институтот за фискални студии.
„Слушаме студенти кои работат повеќе работи за да спојат крај со крај, кои не можат да си дозволат дури ни патување до универзитетската библиотека и кои помалку ќе готват заради растечките трошоци за енергенси“, вели портпаролот на Националната Унија на студенти. „Нашето истражување покажува дека околу 1.000 луѓе ќе се потпираат на банките на храна, кои купуваат сега, за подоцна да плаќаат кредити“.
Иако студентите од секогаш морале да се снаоѓаат, инфлацискиот бран нив посебно ги погодува затоа што кредитите за трошоците се фиксни, а животните трошоци растат. Поголем дел од нив нема да бидат компензирани со зголемување на платите за кои се залагаат луѓето со полно работно време.
Ова е уште еден пример за тоа како тие кои преживуваат со најмалку пари ќе го поднесат најголемиот товар од растечките цени на храната и енергија. Владата на Обединетото Кралство, моментало е втурната во битка за избор на нов премиер и е под притисок да ја зголеми поддршката за домаќинствата со ниски примања или да ризикува пораст на сиромаштијата.
Студентите во Англија можат да поднесат барање за заем за покривање на животните трошоци кој се добива врз основа на пресметка на семејните приходи и дали планираат да живеат дома за време на студиите. Максималниот кредит за оние од семејства со ниски приходи кои студираат во Лондон во моментов изнесува 12.667 фунти, или околу 1.000 фунти помалку од минималните животни трошоци во градот, проценува Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Трошоците исто така растат за оние кои посетуваат факултети надвор од главниот град затоа што ставките за станарина и храна, каде инфлацијата е највисока, чинат најголем дел од студентската потрошувачка.
Aminah Memon, студентка на Оксфорд, цело лето работела за во случај да и требаат повеќе пари од тоа што ќе и биде обезбедено со кредитот и стипендијата затоа што доаѓа од семејство со ниски приходи.
„Ќе морам да бидам посвесна и секогаш да планирам однапред“, вели Мемон, која не пие и не оди по клубови. „Моите цимери и јас одлучивме да ги делиме трошоците за неделното пазарење и за подготовката на оброците за да ги намалиме трошоците“.
Студентите исто така се соочуваат со поголеми камати за кредитите кои ќе треба да ги вратат по дипломирањето иако не мора да ги враќаат се додека не почнат да заработуваат над 27.295 фунти годишно. Владата неодамна најави дека ќе ја ограничи каматата на овие заеми на 6,3 отсто
Промени во однесувањето
Владата од почетокот на пандемијата „продолжи да ја зголемува поддршката за животните трошоци на годишна основа за студентите со ниски приходи и тие сега имаат најмногу кеш“, вели портпаролот на Заводот за образование.
Веќе има знаци дека растечките трошоци го менуваат однесувањето. Од образовната добротворна организација UCAS велат дека е забележан пад на оддалеченоста која студентите се подготвени да ја поминат за да студираат, што укажува на тоа дека многумина ќе останат дома. Clare Marchant, која ја води организацијата, е загрижена дека многу потенцијлани студенти воопшто нема да студираат.
Olivia Gilbert, која во септември треба да ги започне постдипломските студии во Лондон, вели дека размислува дење да работи како дадилка, а навечер да работи во барови и клубови.
„Сето ова ќе биде тешко и дефинитивно ќе влијае негативно на моите академски способности ", вели таа. „Никогаш порано не морав да работам две работи“.