Германската деловна доверба се подобри и сега, на почетокот на четвртиот квартал, е на највисоко ниво од 2022 година, зајакнувајќи ги надежите дека најголемата европска економија конечно излегува од зоната на контракции во која е присутна веќе две години.
Индексот на очекувања од институтот Ифо во октомври се искачи на 91,6 од ревидираните 89,8 во септември, покажува денешното соопштение. Тоа е над средната процена од 90 во анкетата на „Блумберг“.
Bloomberg Mercury
Прочитај повеќе
Европа на крстопат: Како царините од САД ги обликуваат економскиот раст и инфлацијата?
Економијата на Европа на работ: Царини од САД, инфлација и ризици за растот – што ќе се случи со Германија и со Франција?
пред 3 часа
Германски фирми предаваат тајни што Кина би можела да ги искористи за притисок
Додека германските фирми се борат со новите кинески контроли врз ретките земни минерали, тие му доставуваат на Пекинг чувствителни информации.
25.10.2025
Мерц очекува САД да ја ослободат германската единица на „Роснефт“ од санкции
Канцеларот додаде дека всушност не е јасно дали на германскиот бизнис, „Роснефт Дојчланд“, „дури и му е потребно“ ослободување, бидејќи според санкциите „Роснефт“ мора да поседува најмалку 50 проценти од бизнисот.
24.10.2025
Лагард: Германија сега е агент за промени во Европа
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ја пофали Германија за конечното отворање на својот државен паричник.
19.10.2025
„Компаниите и натаму се надеваат дека економијата ќе закрепне следната година“, истакна претседателот на Ифо, Клеменс Фуест, во соопштението. „Сепак, моменталната деловна ситуација беше оценета како малку полоша.“
Бројките ги дополнуваат податоците од анкетите објавени во петокот, кои покажуваат дека активноста на германскиот приватен сектор неочекувано скокна во октомври на највисоко ниво од 2023 година, сместувајќи ја еврозоната на поцврста основа.
Германија забележа намалување на производството во текот на две години, со само маргинален раст (ако воопшто и го имаше), па истото тоа се очекува и за 2025 година. Особено производствениот сектор сè уште страда од структурни проблеми како што се бирократијата и повисоките американски царини.
Се предвидува поизразено зголемување, потпомогнато од огромните трошоци за јавна инфраструктура и одбрана, како и од неодамнешните намалувања на каматните стапки од страна на Европската централна банка (ЕЦБ).
Креаторите на политиките ги намалија трошоците за задолжување осум пати во овој циклус, иако ги држеа на чекање од јуни и се очекува повторно да ги остават непроменети на следниот состанок в четврток.
Но, Бундесбанк и водечките истражувачки институти во земјата месецов предупредија дека владејачката коалиција на канцеларот Фридрих Мерц мора да спроведе пофундаментални реформи за зајакнување на економијата и зголемување на конкурентноста и на долгорочните перспективи за раст.
„Време е да се забрза патот кон реформите“, рече претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел. „Владата мора да преземе решителни мерки за да се поттикнат продуктивноста и растот“.