Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, изјави дека уште еден бран на царини од американскиот претседател Доналд Трамп би имал само мало влијание врз инфлацијата во Европа.
„Ако гледаме на краток рок, непосредниот ефект е релативно мал“, изјави денеска Лагард во интервју за радиото РТЛ (RTL).
Прочитај повеќе
Трамп се заканува со царини од 200 отсто за француското вино
Американскиот претседател Доналд Трамп упати критики кон францускиот лидер Емануел Макрон за одбивањето да ја поддржи неговата најнова мировна иницијатива и предложи дека би можел да воведе огромна царина на шампањ во знак на одмазда.
20.01.2026
Членките на ЕУ размислуваат за воведување царини на американски стоки во вредност од 93 милијарди евра
Лидерите на ЕУ ќе одржат итен состанок во Брисел подоцна оваа недела за да разговараат за можни одмазднички мерки.
19.01.2026
Според шефицата на ЕЦБ, најновите закани на Трамп ќе ја зголемат просечната царинска стапка за еврозоната на 15 од околу 12 проценти.
„Имаме инфлација што би била многу малку погодена, веројатно во нагорна линија, но со оглед на тоа што ја имаме инфлацијата под контрола на ниво од 1,9 отсто, влијанието би било минимално“, рече Лагард.
Сепак, таа предупреди дека големите земји извознички, вклучувајќи ја и Германија, ќе претрпат поголем удар од другите, предупредувајќи и за можен шок кога станува збор за довербата.
„Тоа е многу посериозен степен на неизвесност што го создаваат постојаните пресврти од претседателот Трамп“, рече Лагард.