Македонија

Реалната плата во јули паднала за близу четири отсто

Автор: Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

21. Септември 2022, 13:55

Падот на реалната плата се должи на високата инфлација

Реалната плата во јули паднала за близу четири отсто

МИА

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова

Нов пад на реалната плата. Во јули спореднео со јули лани таа се намалила за 3,9 отсто, а трендот на намалување на реалната плата трае од март годинава.

Падот на реалната плата се должи на високата инфлација. За прв пат по почетокот на деведесеттите години, земјава има двоцифрени стапки на инфлација. Во август споредено со август лани, трошоците на живот во земјава се зголемиле за 16,8 отсто , согласно податоците на Државниот завод за статистика.

Покрај тоа што инфлацијата ја јаде платата, па реалниот износ паѓа, во јули споредено со јуни паднала и номиналната вредност на просечната плата во земјава и тоа за 57 денари.

Во јули таа изнесува 31.812 денари, а во јуни 31.869 денари. На годишно ниво растот на просечната плата во Македонија изнесува изнесува 11,5 отсто.

Во јули во однос на јуни, најголемо намалување на платите има во дејноста санација и управување со отпад за 31,8 отсто, потоа во дејноста изнајмување и давање под закуп за 25,6 отсто, објекти за сместување 10,9 отсто, производство на метали 6,5 отсто и рударство за 3,9 отсто.

Најголем раст на месечно ниво има кај дејноста производство на машини за 72 отсто, потоа сметководствени дејности за 15,8 отсто, производство на тутунски производи  за 13,4 отсто, производство на кожа 11, 5 отсто, телекомуникации 12 отсто, туристички агенции 10,7....

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија