text size
Во услови кога цената на струјата и на природниот гас се повеќекратно зголемени, што е закана за понатамошното опстојување на голем број македонски компании на површина излегуваат долгогодишните погрешни политики во областа на инфраструктурата во Македонија. Имено, поради катастрофалната состојба на железницата доведено е во прашање нормалното снабдување со горива кои би се користеле како алтернатива во услови на енергетска криза.