text size
Фразата „има и од пиле млеко“ слободно може да се искористи за лепезата производи со потекло од Кина што можат да се најдат на македонскиот пазар. Ако до некаде е разбирливо од азискиот економски гигант да увезуваме техничка опрема и облека, изненадувачки е што во Македонија може да се најдат дури зеленчук и сирење произведени во Кина. Статистичките податоци за трговската размена меѓу двете земји откриваат дека далечната Кина од незначителен трговски партнер на Македонија стана редовен член на листата десет земји со кои нашата држава има најголема трговска размена. При тоа, значајно е да се забележи дека обемот на увозот од Кина го гази македонскиот извоз.