text size
Вооружените напади што го отежнуваат транспортот преку Црвеното Море, рута која меѓудругото важи за главна артерија во трговските врски меѓу азиските земји и Европа може да влијаат и врз трговијата меѓу Македонија и Кина, која од година во година е во континуиран пораст. Во периодот јануари-ноември 2023 година трговските односи меѓу двете земји достигнаа вредност од над милијарда евра, од кои само 94 милиони евра отпаѓаат на македонскиот извоз во Кина, а останатите 925 милиони евра се увоз од Кина во земјава. Всушност, во изминативе години Кина од незначаен трговски партнер прерасна во земја која редовно е на листата пет најголеми трговски парнери на Македонија.