text size
Индустриското производство во септември годинава бележи мал пад во споредба со истиот месец лани, односно намалено е за 0,5 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Но одржливото ниво се однесува на сите гранки што влегуваат во анализата. Сепак, поединечно гледано има големи флуктуации на индустриското производство по сектори, кај едни индустрии има голем пад, кај други значаен раст за период од една година.