text size
Пандемијата и усвојувањето на работата од далечина како нешто нормално таму каде што е можно некако ги пробија стереотипите во врска со начините на работа и ги поттикнаа работодавците, но и сите инволвирани на пазарот на трудот, да размислуваат „надвор од рамките“. Откако се докажа дека работата од далечина може да е најмалку исто продуктивна како и на работното место, сега новиот тренд што подлежи на анализи и предизвикува низа дискусии е четиридневна работна недела.