text size
Државите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) имаат голема бенефиција од странските директни инвестиции (СДИ) во периодот 1993-2020 година, која главно се манифестира преку поттикнување на растот на БДП, намалување на невработеноста и зголемување на платите. Најпозитивно влијание во овој регион имаат странските инвестиции што доаѓаат од Германија и од Австрија, покажува новото истражување на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, подготвено од Бранимир Јовановиќ и Дорис Хејнцл Вајс.