text size
Македонските граѓани претпочитаат да живеат во сопствени станови и куќи наместо во изнајмени живеалишта и ги надминуваат жителите на земјите од ЕУ во однос на живеењето во сопствен дом. Според податоците од пописот во 2021 година, во земјава има вкупно 839.174 живеалишта (станови и куќи), а најголем број живеалишта (кои во статистиката се именуваат како станови) односно 96,1 проценти се населени од сопственици, додека само 1,2 процент од домаќинствата живее во закупен стан. Просечно, во еден стан живеат 3,45 лица, а просечниот број на соби по стан е 3,7.