text size
Македонија е рангирана меѓу десетте држави во светот во кои да се добие државјанство преку инвестиција во земјата е најевтино, со оглед на тоа што нуди можност странци да стекнат таканаречен златен пасош со вложување најмалку 200.000 евра. Листата ја подготвува консултантската куќа „Хенли енд партнерс“ (Henley&partners), чија долгогодишна специјалност е токму стекнувањето државјанство и престој за богати инвеститори.