text size
Стапката на инфлација во Македонија во јануари изнесуваше 17,1 проценти, што повторно ја стави нашата земја на врвот на листата европски земји рангирани по зголемување на трошоците на животот. И покрај благото забавување на растот на цените на почетокот на 2023 година, инфлацијата остана висока иако Народната банка во повеќе наврати ја зголеми каматната стапка на благајничките записи и презеде други мерки во борбата против растечката инфлација. Инфлацијата не стивна позначително ниту откако Владата воведе субвенционирана струја за производителите на основните прехранбени производи за да влијае врз забавување на растот на цените на храната.