text size
И до половина век старите енергетски капацитети во земјава се во трка со времето. Од една страна да ги задоволат потребите за струја во услови на најголема енергетска криза, за која е неизвесно дали е завршена, а од друга страна да ги фатат роковите за таканареченото „зелено сценарио“, односно да транзитираат кон еколошко производство. За овие предизвици разговараме со новиот директор на домашната компанија за производство на струја АД „Електростопанство на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Стефанов.