text size
Невработени лица од ранливите категории се таргетирани со специјалните програми на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, што веќе три години се имплементира во соработка со Агенција за вработување. Целта на проектот е да се намали долгорочната невработеност и зависноста од гарантираната минимална помош (ГМП) меѓу корисниците на ГМП, младите лица до 29 години, Ромите, жените, лицата со попреченост и долгорочно невработените лица.