Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) постигна договор со раководството за исполнување на нивните барања.
Договорот е постигнат со посредство на медијаторот Илија Манасиев. Детали засега нема, но она што го бараа вработените е почитување на колективниот договор и зголемување на платите за 30 проценти.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска во емисијата „Самер клик“ (SummerClick) на ТВ21 кажа дека договорот е постигнат во петокот и најави дека вработените ќе добијат зголемување на платите, информира новинската агенција МИА.
Прочитај повеќе
Можно е цела Македонија да остане без плата
Овој исход е можно да биде реален поради најавата за генерален штрајк на вработените во Управата за јавни приходи.
20.06.2023
Бесими: Има закон за штрајк, не може да нема плати и затворање граници
Има закон за регулирање на правата како се дефинира процедурата за штрајк.
22.06.2023
Азески: Имаме план ако УЈП штрајкува, се надеваме нема да дојде до тоа
Претседателот на Стопанската комора гостуваше на Блумберг Адрија ТВ.
23.06.2023
„Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии“, рече Лукаревска.
Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк. За помирувач првично беше назначен Лазар Јовевски, кој побара изземање затоа што не беше во државата, по што на негово место беше назначен Илија Манасиев.