text size
Како еден вид пандемиски синдром ги дефинира Народната банка трендовите на раст на цените на недвижностите во земјава и забрзувањето на станбеното кредитирање во последниот период. Во услови на пандемија, велат за Bloomberg Adria од НБМ, а при ниски приноси на штедењето, олеснет пристап до финансии, воздржаност во трошењето и порастот на заштедите во пандемија, побарувачката за недвижен имот бележеше раст, а тоа продолжи и по стишувањето на здравстевниот притисок. Сепак оттаму се децидни дека нема поголемо нарушување на рамнотежата или поголемо прегревање на овој пазарен сегмент.