Се зголемува бројот на странски компании кои сакаат да инвестираат во капацитети за производство на струја од сончева енергија во Македонија. Тие зачестено купуваат македонски фирми кои веќе развиваат проекти за изградба на фотонапонски електроцентрали или таканаречени сончеви електрани.
Најнов пример за тоа е купувањето на македонска компанија „КАВ Сонце“ од страна на компанијата „ГЕН-И Сонце“. „Кав Сонце“ е во фаза на развој на фотонапонска електроцентрала во близина на Кавадарци. „Ген-И Сонце“ е подружница на словенечката групација „Ген-И“ која преку своите зависни друштва е активна на пазарите на Словенија, Австрија, Италија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Албанија, Грција, Турција, Украина и Грузија. Во Македонија, групацијата се занимава со производство, продажба и трговија со енергија. За оваа концентрација е веќе известена Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Зачестени инвестиции од Израел
Прочитај повеќе
Анѓушев: Непланското градење сончеви електрани не е решение за енергетската криза
За да има вистинска енергетска замена, потребни се електрани на сонце, ветер, вода и биогас, како и поставување на големи батериски системи за складирање
18.06.2023
Се чекаат правилниците за складирање на вишокот енергија од обновливи извори
На овој начин треба дополнително да се поттикнат инвестиции во енергетиката и да се овозможи и намалување на трошоците на компаниите
12.07.2023
Струјата од сонце ќе ја врати евтината тарифа
Не сум приврзаник на каква било промена, односно зголемување на цената на електрична енергија
29.05.2023
Бислимовски: Очекуваме изградба на фотоволтаици од 300 мегавати
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, вели дека земјава бележи напредок во обновливите извори на енергија.
18.01.2023
Неодамна, инвеститори од Израел преку нивната унгарска компанија „Биг Енергиа Холдингс Кфт.“ ја купија македонската фирма „Дам Енерџи“, чија регистрирана приоритетна дејност е производство на електрична енергија. „Биг Енергиа Холдингс Кфт.“ е во целосна сопственост на „Биг Мега Обновлива Енергија“ (БИГ), енергетско друштво кое е независен производител на енергија и работи во Израел, Романија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Ова друштво, пак, функционира како подружница на компаниите „Биг шопинг центерс“ и на „Мега“ кои котираат на берзата во Тел Авив. „Дам Енерџи“ се‘ уште е во фаза на развој на проектот за изградба и обезбедување на сите потребни лиценци на централа за производство на електрична енергија од соларни панели-фотоволтаици и се‘ уште нема започнато со производство на електрична енергија.
„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека БИГ преку унгарската компанија почна наголемо да инвестира во македонскиот сектор на електрична енергија преку купување на удели односно цели друштва и преку развивање на сопствени проекти.
Имено, „Биг Енергиа Холдингс Кфт.“ веќе има регистрирано присуство во Мaкедонија преку друштвото за производство на електрична енергија „Биг Мега Македонија – Штип Солар Уан“, друштвото за производство, трговија и услуги „Биг Мега Менаџмент“, кое како основна дејност има регистрирано управувачки дејности, како и преку фирмите за производство на струја „Бака енерџи“, „Чашица Солар“ и „Скај Солар“.
Кризата предизвика бум во изградба на сончеви електрани во 2022 година
Енергетската криза и енормното поскапување на струјата предизвикаа 2022 година да стане рекордна по инвестиции во изградба на капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија во Македонија. Лани беа изградени вкупно 267 нови електроцентрали кои користат обновливи извори на енергија кои придонесоа производствениот капацитет да се зголеми за 18 проценти или во апсолутен износ за 144,4 MW. Во бројката на новоизградени електроцентрали фотонапонските електроцентрали доминираат со 254 електроцентрали со инсталирана моќност од 99,2 MW.
Со тоа, вкупниот број капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори во Македонија заклучно со минатата година изнесуваше 616 електроцентрали со инсталирана моќност од 946 MW. Во 2022 година инсталираната моќност на електроцентралите од обновливи извори на енергија учествува во вкупниот производствен капацитет со 41,5 проценти, додека во вкупното производство учествуваат со 29 проценти.