text size
Ќе одлучи ли Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка да ја зголеми референтната каматна стапка на утрешната седница е прашање што заслужува внимание откако Европската централна банка на последната седница ја подигна основната камата на депозитите на рекордни четири проценти. Аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ очекува дека Народната банка дефинитивно ќе продолжи со зголемување на референтната каматна стапка.